Побарана ексхумација на Салвадор Дали


Суд во Мадрид побара ексхумација на телото на Салвадор Дали, којашто ќе се одржи на 20 јули, заради проверка на татковство.

Судот инаку веќе зеде примерок од ДНК-та на Пилар Абел (61), која со години тврди дека славниот уметник од областа на надреализмот, е нејзин биолошки татко.

Дали почина пред 28 години.

На таа одлука е можна жалба, што би можело да ја спречи ексхумацијата. Портпаролот на Фондацијата Салвадор Дали наведе дека сепак добиле судски документ во кој се вели дека ексхумација ќе има.

Доколку се утврди дека Дали е нејзиниот татко, Пилар ќе може да покрене процедура за стекнување статус на негова наследничка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1