Победи хуманоста: Собрани доволно пари за погребот на Иван


Откако на социјалните мрежи почна да кружи апелот за донации за собирање сретства за погребот на момчето кое загина вчера кај Католичка црква, хуманите луѓе веднаш реагираа. Неговите другарчиња ги собирале парите и според најновите најави на социјалните мрежи парите се експресно собрани и донации веќе не се потребни

МПЦ, Медиа груп Македонија (МГМ) и стотици поединци веќе собраа пари и го обезбедија погребот за Иван, 16-годишникот што во саботата беше прегазен кај Католичката црква во Скопје од страна на 20-годишник во „туарег“.

Скопската епархија на МПЦ информираше дека тие ќе се погрижат за погребот на младиот Иван (16), а и компанијата МГМ е подготвена да го стори тоа. Стотина граѓани веќе донирале пари, па најблиските на Иван преку социјалните мрежи се заблагодаруваат на помошта. 

Погребот на Иван ќе биде денеска

ivan500

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1