Победникот на Евровизија се жени со Босанка (ФОТО)


Швеѓанецот кој со својот настап на Евровизија преку ноќ ги освои срцата на илјадници девојки и тинејџерки ширум Европа, 28-годишниот Манс Земерлов ова лето планира да застане на лудиот камен.

Земерлов го демонстрирал своето знаење насрпскиот јазик изговарајќи неколку реченици, а интернет порталите пренесуваат дека за тоа е најзаслужна неговата девојка Азра Османчевиќ (27), која потекнува од Босна.

PobednikEvrosong

Победникот на 60-тото јубилејно издание на Евровизија кој со песната „Heroes“ и донесе убедлива победа на Шведска, открил дека планира свадба на почетокот во јуни, и дека многу би сакал српската претставничка на Евровизија, Бојана Стаменов да му пее на свадбата.

– Манс се жени. Се разбира дека ќе му пејам на свадбата. Мора да ви откријам дека тој се забавува со девојка од Босна. Не стигнав подетално да го испрашам, но може да ви кажам дека станува збор за страствена бринета. Знае Швеѓанецот какви жени се Босанките – изјавила Стаменов за српски „Курир“.

Манс е роден на 13 јуни 1986 година и е најпознат  по учеството во шоуто „Идол“ во 2005 година каде го освоил првото место. Тој има помлада сестра, ужива во фудбалот, тенисот и голфот. Помеѓу 2008 и 2011 година во јавноста бил во центарот на вниманието поради врската со манекенката и пејачка Мари Сернехолт.

Пејачот во 2014 година се сврши со 27-годишната Азра Османчевиќ .

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1