„Почеток на крајот на светот“: Откриено како се создаваат мистериозните дупки во Сибир (Видео)


Појавата на мистериозните дупки на подрачјето во северниот дел на Сибир предизвика бројни теории, но научниците сепак дошле до некои конкретни сознанија и логични објаснувања.

Кон крајот на јули, на „крајот на светот“, на полуостровот Јамал, откриена е дупка со дијаметар од околу 80 метри. После тоа се пронајдени уште две, со кратер од 15 и од околу 60 до 100 метри на полуостровот Тајмур.

sibir-1Околу кратерот е пронајдена поголема количина прашина, за која научниците веруваат дека со ерупција е исфрлена од дупката. Со оглед на околната вегетација, научниците сметаат дека дупките настанале порано, само што не се откриени досега.

Експлозија на метан

А како точно настанале дупките? Неколку научници за Siberian Times објаснуваат дека најверојатно дошло до раст на подземниот притисок и дека дупките се всушност место низ кои излетале поголеми количини подземен гас, најверојатно метан. Всушност, наведеното подрачје е богато со подземен гас.

Научниците веруваат дека појавата на овие дупки, односно ерупција на подземниот гас, е една од последиците на глобалното затоплување. „Ако е така, веројатно тоа ќе го гледаме се почесто“, велат тие.

„Храна“ за паничарите и приврзаниците на теории на заговор

dupkiДодека некои и покрај научното објаснување и понатаму веруваат дека дупките се создале како последица од доаѓање на вонземјани, има и такви кои веруваат во научното објаснување, па наместо теории на заговор, почнаа да шират паника за нова „апокалипса на светот“ или „почеток на крајот на светот“.

Всушност, после јаглен диоксидот (CO2), метанот е најзастапен стакленички гас, па неговото ослободување дополнително го зголемува ефектот на глобалното затоплување.

Големи количини метан, кој некогаш беше заробен под дебелите слоеви на мраз, последните неколку години поради топењето на се поголемите количини мраз, се ослободуваат на Арктикот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1