Почина 22-годишниот студент од САД осуден во Северна Кореја зошто украл постер од хотел


22-годишниот Ото Вармбер починал вчера во болница во Синсинати, откако поминал 17 месеци во севернокорејски затвор.

Тој првично бил осуден на 15 години казна затвор бидејќи украл пропаганден постер од хотел во Пјонгјанг.

Според тврдењата на властите во Северна Кореја, Вармбер починал откако паднал во кома, како последица на ботулизам, но неговото семејство е категорично дека тој бил изложен на психофизичко малтретирање за време на издржувањето на казната.

Слично тврдат и лекарите кои го прегледувале студентот. Според нив, во неговото тело нема траги од ботулизам, а смртта најверојатно настапила како последица на недостиг на кислород во мозокот.Американскиот претседател Доналд Трамп изразил сочувство до семејството, додавајќи дека бруталниот режим на Северна Кореја ги преминал сите граници и дека САД е решена да спречи вакви трагедии во иднина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1