Холивудската актерка од унгарско потекло, За За Габор почина вчера од срцев удар, на 99-годишна возраст.
Кариерата на Габор започна во 50-те години на минатиот век, со филмовите „Мулен руж”, „Лили”, „Орсон Велс”, „Допирот на злото”.
Таа е позната по својот остар унгарски нагласок и по тоа што во своите филмови често се глумеше самата себе, наведуува ДПА.
Во последните години од животот и се случија неколку незгоди и здравјето значително и се влоши. Во 2002 преживеа автомобилска несреќа, во 2010 ја скрши бутната коска, а потоа мораше да направи и неколку операции.
Жалната вест ја соопшти нејзиниот деветти сопруг, бизнисменот Фредерик фон Анхалт, кој рече дека актерката починала во својот дом, окружена со најблиските.