Британскиот актер Боб Хоскинс почина во 72-та година од животот, како последица на компликации предизвикани од воспаление на белите дробви, јави Би-Би-Си.
Ѕвездата на филмот „Кој го намести зајакот Роџер“, пред две години се повлече од светот на филмот, откако обелодени дека му е дијагностицирана Паркинсонова болест.
Кариерата на талентираниот актер треше повеќе од четири децении, а последниот филм во кој се појавил беше „Снежана и ловецот“ од 2012 година.
Иако станува збор за талентиран актер кој славата ја стекна со филмот „The Long Good Friday“ со Хелен Мирен, многумина сепак ќе го паметат по улогата на Еди Валант во анимирано-играниот филм „Кој го намести зајакот Роџер“ или на Сми во „Кука“ на Стивен Спилберг.
За улората во филмот „Мона Лиза“, во 1986 година Хоскинс беше номиниран за престижната награда Оскар.