Американскиот актер Хери Дин Стентон почина синоќа на 91-годишна возраст во болница во Лос Анџелес.
Стентон, кој важаше за „најдобар спореден глумец“ во Холивуд, своја слава ја стекна со улогата во филмот „Париз-Тексас“.
Во својата 60-годишна актерска кариера Стентон настапи во над 70 филмови и во околу 50 телевизиски серии.
Покрај онаа во „Париз-Тексас“, тој имаше позабележителни улоги и во „Кум 2“, „Осмиот патник“, „Последното Христово искушение“, „Диви во срцето“, „Дилинџер“ и „Зелената мила“.