На 83. годишна возраст во Москва почина исцелителот Ален Чумак. За неговата смрт јавно преку Фејсбук објави новинарот Димитриј Гордон.
– Пред неколку часа на 83. годишна возраст почина Ален Владимировиќ Чумак – исцелител, писател, филозоф и значаен човек. Се дружевме 27 години. Многу ќе ми недостасува, напишал тој.
Чумак бил светски и руски телевизиски исцелител кој се нарекувал со „ екстрасенс“. Тој тврдел дека има моќ да исцелува луѓе на далечина.
Чумак доживеал голема слава низ цела поранешна Југославија. Неговите сеанси биле пренесени на телевизија, а многу луѓе верувале во неговите способности и дека преку екран можат да се излекуваат.
Исто така слики од Чумак биле преплавена сите српски весници и луѓето верувале дека со гледање во нив ќе се излекуваат.
Чумак уште од 1965 година својата измама ја пренесувал на телевизиите ширум светот.