Американскиот лекар Хенри Хајмлих, кој го откри „Методот на Хајмлих“, почина на 92 години.
Тој ќе остане запаметен по тоа што ја измисли техниката на прва помош – притисок врз абдоменот за прочистување на дишните патишта.
Хајмлих почина во болница во Синсинати, од компликација по преживеаниот срцев удар.
„Методот на Хајмлих“ е откриен додека тој работел во еврејска болница во Синсинати. Со таа техника спасени се илјадници животи.
Хајмлих последен пат техниката ја применил во мај во старски дом, додека една штитеничка се задушувала од парче месо.