Почина битолски планинар на Баба планина


Битолскиот планинар Н.Ј. почина попладнево нешто пред 17 часот при слегувањето од врвот Неолица на Баба планина, јавува Дневник.

Други планинари кои го придружувале за „Дневник“ раскажуваат дека битолчанецот се онесвестил на ливада во близина на планинското село Брусник. Тие се обиделе со масажа на срцето да го спасат, но тој веќе не покажувал знаци на живот.babuna - planina

Планинарите случајот го пријавиле во полиција и од 17 часот чекаат полициски екипи да направат увид на местото, а брза помош да ја констатира смртта.

– Падна мрак, а со него и температурите. Премрзнавме, но не го оставаме телото само в планина. Повикавме и други лица со џипови, но патот е тешко прооден, а не смееме сами да го поместуваме телото- вели Петар Ставрев за Дневник, еден од панинарите што слегуваа од Неолица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1