Почина детето кое сакаше да се запознае со Ибрахимовиќ – не му се исполни последната желба


Малиот Хајрудин ја загуби битката со леукемијата. Неговата приказна ги преплави медиумите откако момчето посака да го запознае неговиот омилен фудбалер, Златан Ибрахимовиќ.За жал желбата не му се исполни.

hajrudin-500Осумгодишниот Хајрудин за загуби битката за живот, јавува Радио Сараево. Неговата сестра денес на социјалната мрежа напишала:

„Да ви кажам драги мои нашиот Буби отиде во вечна почивалиште…Засекогаш со нас“.

Хајрудин се бореше шест години со леукемијата, а трансплантациите на коскената срж не биле успешни.

Желбата да го запознае омилениот фудбалер не му се исполни, бидејќи Ибрахимовиќ немаше време да се сретне со него. Наместо средба, Златан му го испрати неговиот дрес и видео порака во која му се извини што не може да дојде да го посети.

MK News

Автор инфо

Comments are closed.

UA-33057274-1