Дванаесетгодишниот Никола од Штип, не успеа да излезе од кома по минатонеделниот пад од незаштитена тераса, во станот во кој неговото семејството живеело под кирија, пишува Канал 77.
Во игра со далечинскиот управувач, одејќи назад, без да забележи, Никола несреќно паднал низ отворената врата на терасата без ограда од третиот кат на здрадата во населбата „8-ми Ноември“.
Детето една недела се бореше за живот на скопските клиники.