Почина легендарниот пејач Џо Кокер (70), потврдија денеска од издавачката куќа „Sony”. Џон Роберт Кокер, почина на 22. декември, после тешка битка со ракот на грло, стои во соопштението на „Sony”.
Легедарниот пејач Џо Кокер почина после долга битка со ракот на белите дробови. Имаше 70 години. Џон Роберт Кокер е роден на 20-ти мај 1944-та година во Шефилд, каде што живеел до раните 20-ти години од неговиот живот.
Кокер зад себе остави богата дискографија од студиски и од албуми во живо, како и големите хитови “You Can Leave Your Hat On”, “Unchain My Heart”, „Summer In The City“ и неколку одлични преработки на песни од „Битлси“.
Тој во 2011 година одржа концерт во Скопје во спортската сала „Борис Трајковски“.