Еден од сведоците за таканаречената кумановска група, Ниметула Абдулаи, починал синоќа, јави „ТВ 21“. Тој бил вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање во Куманово, а по укажаната прва помош во амбулантата во Липково, бил пренесен во болницата во Куманово.
Некои од обвинетите од Куманово, но и од Косово, го бараа Ниметула како сведок во процесите бидејќи од сведоците било истакнато дека како вработен во УБК ги знаел активностите на кумановската група. Во моментот се работи на расчистување на околностите под кои починал.