Британскиот режисер Геј Хамилтон кој има режирано четири филмови за тајниот агент Џејмс Бонд, почина на 93-годишна возраст на Палма де Мајорка, јавува агенцијата „Асошиејтид прес“.
Хамилтон ги режирал филмовите „Голдфингер“, „Дијамантите се вечни“, „Живеј и пушти ги другите да умрат“ и „Човекот со златен пиштол“, во кои тајниот агент Џејмс Бонд го играа актерите Шон Конери и Роџер Мур.
Режисерот починал во болницата Хуанеда Мирамар во Палма де Мајорка каде што живеел.
Критичарите сметаат дека тој направил најмногу за популарноста на тајниот агент Џејмс Бонд во своите филмови.
Тој соработувал со актерите Мајкл Кејн и Харисон Форд, а режирал две адаптации на романот Агата Кристи. Управата на болницата во Палма де Мајорка не сакала да објавува информации за причината на смртта на славниот режисер.