Почина градоначалникот на Гдањск кој беше избоден на бина (Видео)


Градоначалникот на полскиот град Гдањск, Павел Адамович почина од повредите здобиени во нападот за време на синоќешниот хуманитарен концерт, објави полското радио на својот твитер канал.

Адамович (53), кој на оваа функција е од 1998 година, беше во критична состојба по петчасовната операција.Докторите велат дека тој бил тешко ранет во пределот на срцето, дијафрагмата и внатрешните органи.

Напаѓачот, кој полските медиуми го именуваат како 27 годишен Стефан В. од Гдањск има криминално досие и минатиот месец излегол од затвор. На бината извикал ,,Јас сум Стефан, и невин лежев во затвор,, што се претпоставува дека е и мотив за нападаот врз градоначалникот

Од Обвинителството велат дека досега е извршен распит на 20 сведоци, а набрзо ќе биде испитан и осомничениот. Според информациите тој го избодел градоначалникот со нож долг 14,5 сантиметри.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1