Почина хрватскиот музичар и композитор Рајко Дујмиќ


Хрватскиот музичар и композитор Рајко Дујмиќ почина денеска на 66-годишна возраст како последица од повредите здобиени во сообраќајна несреќа.По неколку дена поминати во кома, откако доживеа тешка сообраќајна несреќа, на клиника во Сушак, Хрватска, почина музичарот, композитор и лидер на групата Нови Фосили, Рајко Дујмиќ.

Дујмиќ минатата среда имаше сообраќајна несреќа, кога кај местото Рамна Гора загуби контрола над воланот и слета во бездна. Веднаш потоа бил сместен на Одделот за интензивна нега во Клиничкиот центар во Риека.

Во несреќата се здобил со тешка повреда на главата и бил во кома, вклучен на респираторна машина.

Дујмиќ беше основач на популарната група „Нови фосили“ и автор на песната „Rock me“, која во 1989 година првпат и донесе победа на поранешна Југославија на Евровизија.

Колегите од Нови Фосили, група која зад себе остави десетици евергрини, се простуваат со Дујмиќ, кој почина во својата 66-та година.

-Ако постои утеха во овој момент, тоа е сознанието дека неговите песни ќе го надживеат. Ќе не надживеат и сите нас. Сочувство до неговото семејство, можам да замислам низ што минуваат, низ истото поминавме и јас и моите деца, кога почина мојот сопруг пред осум години – за хрватските медиуми изјави Сања Долежал, некогашна вокалистка на групата, чиј сопруг своевремено беше тапанар во Нови Фосили.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1