Почина и 6 годишната сестричка на 10 годишниот Палестинец убиен во Газа


Шестгодишно палестинско девојче почина во саботата вечерта од повредите здобиени во израелски воздушен напад во Појасот Газа во кој утрото загина нејзиното десетгодишно братче, со кој израелската војска одговорила на ракетирање од петокот вечерта на југот на Израел од територијата на палестинската енклава.PALESTINIAN-ISRAEL-GAZA-CONFLICT

Агенциите, повикувајќи се на болнички извори, претходно во саботата пренесоа дека шрапнели од проектил што го истрелал израелски борбен авион го убил десетгодишниот Јасин Абу Куса во областа на Беит Лахија, во северниот дел од појасот Газа, и дека неговата шестгодишна сестра е тешко ранета. Нивниот 13-годишен брат Ајуб бил полесно ранет, според Ашраф ал-Кудра, портпаролот на министерството за здравство на Газа.

Во соопштението на израелската војска се наведува дека авионот вршел напад врз четири кампови за обука на Хамас, откако во петокот вечерта на израелската територија паднале четири ракети, без човечки жртви.

Израелскиот воен портпарол рече дека вчерашниот ракетен напад на милитантите е изведен како „закана за безбедноста на жителите на јужниот дел на Израел“, како и дека „војската ќе продолжи да ја штити својата територија од оние кои им се закануваат на невините животи и на израелскиот суверенитет“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1