84 годишниот битолчанец Стеван Јовчевски, кој на 2 јуни исчезна од неговиот дом на улица „Солунска“ вчера беше пронајден во селото Ивањевци, кое е 20 километри одалечено од градот Битола, денеска починал, јави телевизијата Орбис.
Бил пронајден во некои грмушки од страна на мештаните целиот дехидриран, по што веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде денес починал.
Засега сè уште не се знае како овој битолчанец стигнал до ова село.