Почина легендарниот Марадона


Почина легендарниот Диего Армандо Марадона .

Марадона почина од срцев удар, пренесуваат шпанските и аргентинските медиуми.

Аргентинскиот „Кларин“ објавил дека бил примен во болница по срцев удар, но лекарите неколку минути подоцна констатирале смрт.

Марадона во денеска попладне доживеал срцев удар во неговиот дом.

Диего помина време во Тигре, во неговиот роден град Сан Андрес.

Тој се опоравуваше од неодамнешната операција, кога помина неколку дена во болница поради пад. Марадона пред две седмици имаше операција на хематом на мозокот по што беше хоспитализиран.

Марадона почина на 60-годишна возраст.

Во својата кариера играше за Аргентинос Џуниорс, Бока Џуниорс, Барселона, Наполи, Севилја и Њуелс.

Одигра 91 натпревар за репрезентацијата на Аргентина и постигна 34 погодоци.Со Аргентина го освои Светскиот куп во 1986 година.

Тој важи за еден од најдобрите, ако не и најдобриот фудбалер на сите времиња.

Марадона имаше блескава клупска кариера со Барселона, а потоа и со Наполи во Италија, со кој ја освои тогаш супер силната Сериа А. На СП во Италија 1990 Марадона и Аргентина беа поразени од Германија во финалето со 1:0. Играше и за Аргентинос јуниорс, Бока јуниорс, Севилја, Њувилс олд бојс, а кариерата ја заврши во Бока. На 491 меч во клупската кариера постигна 259 гола

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1