Клавијатуристот на британската храд-рок група „Блек Сабат“ Џеф Николс почина од канцер на белите дробови на 69-годишна возраст, напиша гитаристот Тони Ајоми на Фејсбук.
– Многу сум тажен поради смртта на еден од најблиските пријатели Џеф Николс. Веќе подолго време боледуваше од канцер на белите дробови, наведе Ајоми.
Џеф Никол започна да соработува со бендот во 1980 година за албумот „Heaven and Hell“, а официјално стана член на групата во 1985 година.
Николс ја напушти „Блек Сабат“ во 2004 година.
Групата е основана во 1969 година.