Почина млад струмичанец, таткото се обидувал да го спаси од пожарот


Дваесет и девет годишниот струмичанец Ѓоко П. починал синоќа откако избувнал пожар во семејната куќа во која живеел со родителите околу 2 часот по полноќ.

kuka-strumica1Пожарот избувнал по експлозија во кујната во која се наоѓал и Ѓоко, кој починал на лице место од повредите.

Неговиот 58-годишен татко П.П., по експлозијата влегол во кујната и се обидел да го извлече синот кога го видел како лежи на подот. Во обидот да се справи со огнените јазици, таткото се здобил со изгореници од прв и втор степен, но се наоѓа надвор од животна опасност.

Мајката Е.П. (55) која се наоѓала во куќата на улицата „Широк Дол“ поминала со помали повреди.

Пожарот бил изгаснат по интервенција на противпожарни екипи, а полицијата увидот ќе го изврши денес

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1