Трагичниот настан ја зачуди Словенија посебно фактот што насилниците сето тоа го снимаа, и го емитуваа во живо на Фејсбук, при што го видоа речиси 250.000 луѓе, а меѓу нив и многу млади.
Младиот Словенец (26) од околината на Кршко, е брутално мачен и понижуван од страна на двајца напаѓачи, а тие снимката ја објавија на ФБ, почина во Клиничкиот центар во Љубљана, потврдија болнички извори.
Бруталниот напад се случи ноќта меѓу неделата и понеделникот на тревникот во близина на населбата Подбочје кај Кршко, а полицијата потврди дека напаѓачите и жртвата се познавале, а пред трагедијата дури и заедно пиеле во кафеана.