Таа беше секс симбол на 50-60 години од минатиот век, а најпозната е како Силвија од филмот „Сладок живот (La Dolce Vita).
Шведската актерка Анита Екберг, која се прослави во легендарниот филм на Федерико Фелини „Сладок живот“, умре денеска во 83-тата година, јавуваат италијанските медиуми.
Прекрасната актерка, која со години живееше во Италија, умрела во болницата во местото Рока ди Папа, во околината на Рим.
Сцената на Анита во фонтаната Треви од филмот „Сладок живот“ од 1960 година е меѓу најпознатите сцени во историјата на филмот.
Анита Екберг во 1950 година ја освои титулата мис на Шведска, а по учеството на натпреварот за Мис на светот првата улога во Холивуд и ја обезбеди Џон Вејн.
Глумела во филмовите со Џон Вејн, Лорин Бекол, Дин Мартин и Џери Луис.
Покрај тоа што глумела во значајни филмски остварувања, познато е и по врските со славните личности како Френк Синатра, Марчело Мастројани, Ерол Флин и други.