Почина Клер Холингворт, новинарката која ја објави веста за почетокот на Втората светска војна.
Таа почина на 105 години во Хонгконг.
Холингворт се возела на германско – полската граница при што видела возила кои се упатиле кон Полска. Се јавила во британската амбасада во Варшава и ја пренела информацијата за инвазија на Полска.
Тој напад бил почеток на Втората светска војна, а веста е пренесена во целиот свет.
Холингворт работниот век го поминала во воените зони во Виетнам, северна Африка и Блискиот Исток.