Почина познатиот актер


Американскиот актер Мигел Ферер (61) полина во четвртокот по борбата со ракот на грло.

Кариерата ја започна во раните осумдесети години со мали улоги, а улогата на Боб Мортон во филмот „Робокап“ му донесе поголема слава.migel-ferer-foto-profimedia-1484905570-1085103

Освен во филмовите, глумеше и во бројните телевизиски серии, меѓу другото го толкуваше и ликот на легендарниот агент Алберт Росенфилд во серијата „Твин Пикс“.

Најпознат остана по улогата на шефот Овен Гренџер во серијата NCIS Los Angeles.

Мигел Ферер беше син на оскаровецот Хосе Ферер и пејачката Розмери Клуни. Пред да почне да се бави со глума свирел тапани и одел на турнеја со својата мајка.

“Мигел светот го направи посветол и поубав. Неговата смрт тешко го погоди семејството“, рече Џорџ Клуни кој е негов братучед.

Мигел зад себе ги остави сопругата Лори и синовите Лукас и Рафи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1