Почина познатиот актер – паднал од мост во Прага


Јан Триска почина во родната земја само два дена откако паднал од најпознатата знаменитост во Прага, Мостот Чарлс. Актерот познат по филмовите „”Ronan” и “Lunacy,” имаше 80 години.

Триска се преселил во САД откако му прогонет од комунистичкиот режим во Чехословачка.

Прашкиот театарски режисер Јан Хрусински во понеделникот ја потврди смртта на актерот. Триска починал во Воената болница во Прага од повредите кои ги здобил во саботата, при пад од мостот, под се уште неразјаснети околности.

Триска емигрирал во 1977 година по потпишувањето на манифестот за човекови прави инспириран од својот близок пријател, десидент и драмски писател Вацлав Хавел.

Живееше во Лос Анџелес и се појави во стотици филмови меѓу кои „Регтајм“ и „Луѓето против Лери Флинт“ на својот сонародник Милош Форман.

По антикомунистичката Плишана револуција во 1989 предводена од Вацлав Хавел, Триска редовно се враќаше во Чешка и играше во филмови и театарски претстави, меѓу кои е и главната улова во „Основно училиште“ за која беше номиниран за Оскар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1