Почина претепаниот печалбар од Америка


Во селото Ротино, битолско деновиве бил претепан повратникот печалбар Павле Трајчевски.kliniki- brza pomos urgenten

Маскиран разбојник пред една недела го ограбил и со дрво го претепал Трајчевски во неговата куќа. По неколку дена претепаниот пензионер, како последица од добиените повреди, починал в болница.

– Тој беше здрав човек иако имаше 78 години. Требаше да си умре од природна смрт, а не на ваков начин, претепан од разбојници – изјави за битолските медиуми Валентина Јошевска, ќерка на починатиот Павле.

Полицијата сe уште трага по убиецот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1