Почина првиот човек на Самсунг


Ли Кун Хи, првиот човек на јужнокорејскиот гигант, компанијата Самсунг, почина на 78-годишна возраст во Сеул.

Ли е заслужен за трансформација на малиот бизнис основан од неговиот татко во денешен Самсунг, глобален економски гигант кој работи во области од производство на електроника, преку осигурување, до транспорт.

Ли беше најбогатиот Јужнокореец со проценето богатство од околу 21 милијарда долари, според списанието Форбс. Точната причина за смртта не е наведена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1