Српската глумица Ружица Сокиќ почина данеска во Белград, во 79-тата година, соопшти нејзината матична куќа, Атеље 212.
Кариерата ја почнала во 1957 година во филмот „Доктор”, потоа играла во филмовите „Кога ќе бидам мртов и бел”, „Ужичка република” и други. Комедијата „Тесна кожа” и донесе најголема популарност и улогата на сопругата на Пантиќ
Лани и беше врачена награда за животно дело „Добричин прстен” што ја доделува Здружението на драмските уметници на Србија.
Беше постојан член на театарот Атеље 212 од 1961 година.
Играше на сцените на речиси сите белградски театри.