Почина српскиот актер Бранислав Петрушевиќ- сопругата скршена „За десет секунди го загубив сопругот“


Актерот Бранислав Петрушевиќ почина вчера ( 09.11. 2019) на 65 години, а веста за неговата смрт ја потврди неговиот син Марко Петрушевиќ.

„Вчера беше на слава, па чувствуваше мака. Мислевме дека е од храна, па испи сода бикарбона за да го исчисти желудникот. Меѓутоа, не се чувствуваше подобро. Почина денес“ изјави неговиот син Марко.

Неговата сопруга била последните минути со актерот.

„Беше на слава и ми рече дека ќе намине во обложувалница. Рече дека изел повеќе и дека не му е нешто најдобро. Во обложувалницата му се слошило и викнале брза помош.Таму констатирале дека притисокот му е нормален и си заминале – вели Нада и раскажува што се случило дома:

„Тој се врати и рече дека желудникот не може да му ја свари храната. Му дадов сода бикарбона и кога утредента се разбуди беше се во ред. Но, кога стана рече дека му се врти и ме замоли да му го масирам вратот бидејќи го болел. Потоа се смеевме, па земав да му читам една книга. Но, наеднаш почна тешко да диши, но ја мислев дека се шегува како што знаеше претходно така да направи. По неколку секунди престана да диши, почнав да му правам реанимација, но набргу пожолте. Кога дојде Брзата помош го реанимираше 20 минути, но не успееја да го вратат во живот. За десет секунди го загубив сопругот, не можам да верувам – објасни сопругата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1