Српскиот актер Небојша Глоговац почина на 48-годишна возраст по тешка болест, јавија српските медиуми.
Глоговац пред 10 дена бил итно примен во Институтот за онкологија. Тогаш медиумите напишаа дека славниот актер е тешко болен и дека неговата здравствена состојба е сериозна.
Здравствената состојба на Глоговац нагло се влошила последните денови на декември, пред Нова година па по совет на пријател и лекарот, наводно, првите денови од новата година заминал во Германија по помош и по консултацијата со тамошните лекари се вратил во Белград. Се лекувал на Институтот за онкологија на Клиничкиот центар Србија, каде што примал терапии.