Британецот Роберт Едвардс, добитник на Нобеловата награда за медицина познат како зачетникот на вештачкото оплодување и бебиња од епрувета, почина во средата во 87-година од животот по долготрајна болест.
Роберт Едвардс кој во 2010 година ја доби Нобеловата награда за медицина, со вештачкото оплодување (in vitro fertilization – IVF) почнал да се занимава во 50-те години од минатиот век, а првото „бебе од епрувета” Луис Браун е родена во 1978 година како директен резултат од неговата работа.
Од тогаш се родени повеќе од пет милиони деца во целиот свет благодарејќи на метод што го разви Евардс заедно со неговиот колега, претходно починатиот Патрик Степт.
Едвард кој има пет ќерки и единаесет внуци, своевремено изјави дека за оваа работа го мотивирала желбата да им помогне на семејствата. „Нема поголема среќа од дете”, изајви примајќи ја Нобеловата награда.
Роберт Едвардс со вештачкото односно со бебиња родени по зачнувањето со медицински потпомогнато оплодување почнал од 1955 година, а до 1968 година успеал во лабораториски услови да оплоди женска полова клетка, и од тогаш соработувал со Степт.
Тие двајца во 1980 година ја откриле првата клиника за вештачко оплодување „Bourn Hall” во Кембриџ во источна Англија, во којашто до денес се усовршуваат гинеколози и биолози од сите делови на светот.
Директорот на клиниката Мајк Макнејми за Роберт Едвардс изјави дека бил „еден од нашите најголеми научници” чиј вдахновен труд доведе до пресвртница којашто овозможи животи на милиони луѓе на планетата.
Постапката IVF со којашто се оплодува женската полова клетка со сперма надвор од матката, односно во епрувети е затоа позната и како „in vitro” или „во чаша”.
Предмет на жестоки полемики при самите почетоци, медицински потпомогнатото оплодување со години стана вообичаен ефикасен начин за третман на многу неплодни двојки.