Почина тренерот на кој Србија му го посвети сребрениот медал


Кондициониот тренер на кошаркарската репрезентација на Србија Срѓан Сариќ почина по кусо и тешко боледување.

Српските кошаркари сребрениот медал освоен на Светското првенство во Шпанија му го посветија токму на Сариќ, кој поради болеста не можеше да биде со нив во Гранада, а потоа и во Мадрид.saric-500

Сите се сеќаваат кога селекторот на Србија Александар Ѓорѓевиќ по финалето со САД порача: За Сариќ, ова е за Сариќ, Саро те сакаме, не се предавај!.

Сариќ за жал не издржа, а како што кошаркарите на Србија велат, српската кошарка загуби одличен тренер, но и прекрасен човек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1