Стен Ли, творецот на Ајронмен, Хулк и многу други суперхерои на американската компанија „Марвел комикс“ (Marvel Comics), почина на 96 години, соопшти неговата ќерка.
Како писател и издавач, Ли беше клучен за развојот на „Марвел“ во 60-тите години од минатиот век, кога со соработниците креираше суперхерои, кои ќе станат митски ликови во американската поп култура.
Ли се појавуваше на кратко и во некои филмови на Марвел.