Почина уште една македонска рок легенда


Еден од најдобрите македонски гитаристи Аријан Дема Љани почина завчера во Скопје по долга и тешка болест.

Љани, роден во 1957 година освен гитарист, беше и композитор и музички аранжер, а стана познат како член на групите „Пу“ и „Лева Патика“ на крајот на 70 години .arijan

Заедно со Драгиша Солдатовиќ, Владимир Јанкуловски и Димитар Чочоровски Љани свиреше и во групата „Ден за ден“. Тие снимија албум со истиот наслов и го промовираа на Бум Фестивалот и на Фестивалот за млади во Суботица како и на Фестивалот во Опатија. Од тој периот позната е композицијата „Циганка”.

Подоцна Дема ја продолжи својата кариера во странство, во Шпанија, Германија и Белгија.

По враќањето во Македонија Дема ја продолжи кариерата со неговиот стар пријател и музичар Рамиз Јусуф Цики, кој исто така беше член на „Пу“ и „Лева Патија“. Тие заедно снимија албум насловен „Заложник”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1