Почина возачот кој ја проби оградата на мостот „Гоце Делчев“


Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа на мостот „Гоце Делчев“, потврдуваат од СВР Скопје.Screenshot_170

Станува збор за возачот на излетаното „Фиат пунто“, на возраст од 60 години кој починал на лице место.

Според полицијата, утринава во 9:50 часот, прво дошло до судир на автомобил „Фиат пунто“ и „Цитроен“, двете возила со скопски регистерски таблички, по што „пунтото“ се забило во оградата на мостот и останало да виси. Возачот подоцна беше извлечен од страна на противпожарната бригада, а Брзата помош се обиде да го реанимира.

Полицијата ври увид на местото на настанот. Идентитетот на загинатото лице ќе биде објавен подоцна.Screenshot_162

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1