Според информациите од Јавното обвинителство од Тетово, полицаецот Живко Јовановски (51) кој во петокот беше застрелан во просториите на полициската станица за безбедност во сообраќајот во Тетово, утрово им подлегнал на повредите, јавува Дневник.
Тој во петокот околу 10 часот, според полициски извори, бил застрелан од свој колега при проверка на оружјето.
Иако веднаш по укажана лекарска помош во тетовската клиничка болница, итно бил префрлен на скопските клиники поради тежината на повредите утрово починал.
Од Јавното обвинителство во Тетово за утре најавуваат повеќе детали за овој случај.