Командир на смена во Казнено поправната установа Идризово- Скопје, вчера во 23 часот пријавил дека истиот ден во 22.40 часот во женското одделение починала 46- годишната С.М. од Струмица која издржувала затворска казна од 2012 година.
Од страна на Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.