Страшна несреќа се случи вчера во 17:00 часот на булеварот „Борис Трајковски“, при што загина едно лице.Полицијата денеска информира дека 38-годишниот Е.А. од Скопје управувајќи моторцикл „Сузуки“ изгубил контрола, паднал и од здобиените повреди починал на лице место.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.