Постар жител на Нови Сад починал во шалтер салата на Електровојводина каде плаќал сметка за струја.
Според очевидците, несреќниот човек пред тоа имал жолчна расправија на еден од шалтерите.
„Се наоѓаше кај шалтерот за рекламации, каде се расправаше за некој наводен долг од 500 динари, којшто според Електровојводина требало да го плати. Во еден момент, меѓутоа само падна на земјата” изјави еден од очевидците кои утрово бил таму.
Некои сограѓани кои чекале се обиделе да му помогнат, а наскоро пристигнала и Итна помош. Лекарите, меѓутоа само констатирале смрт којашто била најверојатно последица на инфаркт.