Телото на еден 58-годишен маж пред три дена е пронајдено во неговиот стан во Дижон, четири години откако починал.
Како што објавија француските медиуми, телото е пронајдено на 3 октомври, откако полицијата пристигнала да изврши судска одлука за негово протерување од станот, поради неплаќање на киријата.
Телото било пронајдено мумифицирано од страна на судскиот извршител и полицијата.
Никој не забележал дека поштата во неговото сандаче се насобрала од пред речиси четири години, бидејќи најстарото писмо кое не било подигнато е со печат од декември 2009 година.
Откако лицето, кое добивало инвалидска пензија, престанало да ја плаќа киријата, што се одвивало автоматски, била покрената постапка за негово протерување од станот.