Починал сопственик на менувачница на криптовалути, а никому не ги оставил шифрите: Пропаѓаат милиони


Канадската менувачница за криптовалути „KvadrigaCX” соопшти дека не може да исплати речиси 190 милиони долари од фондот на клиентите откако 30-годишниот основач на компанијата Џералд Котен, кој единствено ја знаел шифрата за „складирање“, неочекувано починал во Индија во декември минатата година.

Судејќи по се, Котен никому не му ги оставил пристапните кодови, а тоа значи дека околу 190 милиони долари, колку што имало пари во паричникот во неговиот лаптот, може да бидат засекогаш загубени. Не е непозната праксата што поголеми количества пари во виртуелни банкноти, така се чуваат намество во менувачница, зошто се чести нападите од хакери.

Џенифер Робертсон, вдовица на починатиот сопственик, рече дека менувачницата им должи на своите корисници околу 190 милиони американски долари вистински пари.

Триесетгодишниот Котен почина во декември во Индија поради компликации од Кронова болест. Во Индија, како што објавија од компанијата, отворал едно сиропиталиште.

Неговата вдовица, која вели дека нема никакви врски со работата на покојниот сопруг, вели дека примала и закани. Рекла дека има пристап на неговиот лаптоп, но не може да го отвори.

„Лаптопот од кој Џери ја водеше работата е под шифра и јас не ја знам. Повеќе пати ја барав, ама не ја пронајдов никаде запишана“, рече таа.

Иако неговата менувачница по неговата смрт продолжи со работа, последните денови се појавија проблеми, зошто почна да им недостасуваат пари. Тоа бројните вложувачи ги натера да ја напуштат оваа менувачница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1