Починала при породување – па оживеала – докторите во чудо


Рејчел Морис од Челтхам во Англија пред 11 месеци починала при породување, ја победила смртта и родила здраво момче

Во 20-та недела од бременоста, лекарите откриле дека Рејчел Морис дека е заболена од Placenta previa, со карактеристична позиција на плацентата што предизвикува компликации во породувањето. Потврдено е дека бебето може да се роди само со царски рез.

matka porogjaj bremenostПоради тешки крварења раѓањето беше изведено осум недели пред закажаниот термин и беше далеку потешко отколку што се очекувало. Плацентата ја имаше опфатено главната артерија и затоа беше неопходно да се отстрани матката.

Рејчел, мајка на четири деца, во текот на породувањето доживеа клиничка смрт. Застојот на срцето траеше две и пол минути. Лекарите ја реанимираа и ја поврзаа на апарат.

Тие го предупредија нејзиното семејство за да се подготват за најлошото, но Рејчел не се откаж. Таа роди здраво момче Џејмс и успеа да се опорави.

– Многу сум среќна, имам среќно и здраво семејство. Застрашувачка е помислата дека би можела да умрам за толку кратко време – рече Рејчел.

Таа и нејзиниот сопруг Кевин, покрај Џејмс, имаат уште три деца, девет годишната Еламеј, седумгодишната Џесика Софи и тригодишната Фелисити.

– Додека бев под анестезија, знаев дека бев на чекор до смртта. После тоа, секој нов ден е благослов за мене, рече таа Рејчел.

Што е Placenta previa

Рејчел Морис сака со својот пример да го сподели со другите жени како Placenta previa е сериозна состојба. Овој здравствен проблем карактеризира со ниска позиција на плацентата, нејзиното одделување од матката и обилно крварење. Жените на возраст од 35 години се подложни на оваа состојба, а пушењето и царскиот рез дополнително го зголемуваат ризикот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1