ПОЧИНАЛЕ ПА ОЖИВЕАЛЕ – Ова се нивните сведоштва!


Што се случува кога ќе умреме? Истражувачите кои се обидуваат да ја решат оваа мистерија не можат да се согласат за тоа кој орган работи најдолго. Во моментите пред смртта главна улога игра срцето, барем така вели генерално прифатеното верување, додека најновите истражувања тврдат дека пред да настапи смртта, мозокот испраќа сигнали до срцето кое потоа предизвикува оштетување и негова смрт. Кога научниците ги блокирале сигналите, срцето подолго живеело. Кој е посилен? Срцето или мозокот?

Додека научниците не ги утврдат фактите, ни останува да им веруваме на оние кои умреле, а потоа повторно се вратиле во живот, пренесе Дневнк.хр.izvrsenje-smrtne-kazne-500x343

Нивните искуства би можеле да се поделат во три категории, пишува Индепендент. Првата категорија е онаа во која луѓето доживеале клиничка смрт и не почувствувале ништо. Не знаат ниту каде биле, ниту што им се случило. Знаат дека заспале, а потоа се разбудиле. Во втората категорија спаѓаат оние кои виделе „светлина“ или пак се сретнале со други човечки суштества. Третата група луѓе се оние кои почувствувале како излегуваат од телото, а потоа лебдејќи можеле да се видат себе си и останатите кои го опкружуваат телото.

На социјалните мрежи покрената е тема на која луѓето пишуваат за своите искуства со смртта.

„Лежев на болничкиот кревет, гледав во мониторот кој почна да свири, се сеќавам на лицата на лекарите кои беа над мене. Чувствував како расте напнатоста и паниката поради нешто, но не разбирав што се случува. Светот околу мене стана магловит, а потоа се` се претвори во црнило. Немаше ништо. Беше неверојатно мирно. Чувствував спокој. Следно на што се сеќавам беше како ги отварам очите и слушам како докторот зборува „го имаме“, рекол човекот кој искусил смрт.6824889-death-life-and-death-cemetery-grave-burial-electricity

„Еден ден паднав. Престанав да дишам, а крвта престана да тече низ моите вени. Почувствував како паѓам во длабочина без дно. Ме фати паника, во себе врескав и барав помош. Наскоро ме оживеаја, но не се сеќавам точно на моментот кога настапи смртта“, напишала една девојка.

Поради предозираност со хероин, еден човек умрел, а потоа, како што вели, почувствувал дека спие, без сон.

„Паднав за време на еден работен состанок. Велат дека сум умрела. Единствено што се сеќавам е она што се случуваше еден час пред несреќниот настан, а следното сеќавање кое го имам е она кога по два дена се пробудив од кома“, стои во едно сведоштво.

„Чисто, совршено, сон без сништа“, опишал еден човек.

„Се сеќавам на возењето во возилото на Итна помош, но чувството како да не потекнува од моето тело. Дефинитивно најчудното чувство кое сум го искусил. Беше како да сум во сон, но можев да го видам своето тело, без свест. Видов како болничарите ме подготвуваа. Беа облечени во зелено. Се сеќавам на нивниот изглед. Кога се разбудив, ги барав и ги пронајдов“, стои во една објава.

„Стоев пред голем бел ѕид, ѕид од светлина. Следно што се сеќавам беше будењето во болница“.

„Бев на непознато место. Околу мене се ширеше густа магла. Здогледав еден пријател. Ми пријде и почнавме да зборуваме. Се сеќавам, ми рече дека не е се уште време да одам, дека мора да се потрудам. Требаше да му ветам дека нема да се откажам од борбата за живот.“, напишал еден од сведоците кои ја искусиле смртта.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1