Починатиот со симптоми на ебола е ексдиректор во „Џонсон Мети“ и прв човек на Советот за странски инвеститори


Британскиот државјанин кој вчера почина во Скопје е познат бизнисмен. Колин Џефри е поранешен Директор за стратегиски прашања во Џонсон Мети.

Тој во Македонија дошол со својот пријател Мајкл Инглиш затоа што и натаму ги продолжил бизнис релациите и имал во план да бара инвеститор за отворање на рибник. Неговиот пријател кој има 72 години нема симптоми на ебола, но се наоѓа во карантин во хотелот Супер 8 заедно со останатите туристи кои престојуваат таму. Инглиш раскажува дека Колин Џефри  два дена не се чувствувал добро, имал температура  и треска, но не сакал да оди на лекар. Тој ги отфрла сомневањата дека неговиот пријател починал од ебола, затоа што во Африка последен пат бил пред шест години, пренесува Канал 5 телевизија.download-1
Колин Џефри преку Џонсон Мети во Македонија беше присутен до пред три-четири години, но и по пензионирањето често доаѓал тука. Се сместувал во хотелот Супер 8 во Мавровка, а така направил и последниот пат кога дошол во Скопје на 2 Октомври.

Околу хотелот во кој тој престојувал сеуште има полиција, медицински лица и се е блокирано. 25 лица 0 гости и персонал кој биле вчера во хотелот се во карантин и ќе останат се додека не биде познато од што боледувал починатиот Британец.

Починатиот Џефри живеел во Кембриџ, бил женет и имал три деца. За првиот сомнителен случај на ебола веќе се известени Светската здравствена организација и британската амбасада во Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1