Починатиот велешанец бил позитивен на корона, семејството обвинува дека не сакале да го примат во болница


78 годишниот велешанец кој почина во средата а не беше примен на инфективното одделение бил заразен со коронавирусот. Центарот за јавно здравје денеска го известил семејството дека починатиот е позитивен на тестот. Роднините велат дека тестирањето било направено по нивно барање, иако велат дека дедото немал контакти со лица заразени со корона. Брис му бел земен во вторникот а веќе ноќта поради влошена состојба бил донесен на преглед во инфективното одделение во велешката болница. Внуката на починатиот која не сакаше да се снима, раскажува дека дежурниот лекар одбил да го прими оти според епидемиолошката анкета, тој не би можел да биде заразен.

„Дедото плукаше крв, беше омалаксан со температура и кашлица. Итната помош првин одбиваше да го земе а откако го донесе во болница, докторот не сакаше да го прегледа. Ни рече дека нема симптоми на вирусот и не прати дома.. Набрзо му се влоши состојбата, не можеше да дише и почина“, раскажува внуката на починатиот велешанец.

Од велешката болница велат дека лекарите од инфективното одделение ги почитувале медицинските протоколи при третман на пациентот.

„Здравствениот тим од инфективно облечени во скафандери го пречекале пациентот. Направен е преглед, земена е епидемиолошка анкета и е утврдено дека немал конткат со заболен од коронавирус. Од прегледот е утврдено дека освен знаци за хроничен бронхит, друго немало. Докторката дала терапија и му рекла да седи дома додека пристигне резулатот од тестот за корона. Дали требало да биде задржан е одлука на лекарот кој проценил дека со тие знаци може да се лекува дома“, вели директорот на велешката болница, Божидар Бојаџиев.

Од велешката болница велат дека случајот со починатиот пациент го анализира државен санитарен инспектор и по неговата контрола ќе се знае дали постоела лекарска негрижа.

Роднините биле известени дека е потребно и тие да направат коронатест. Тестирањето ќе било во понеделник оти за викенд не се земале брисеви.

Sitel.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1