Почит и искрени емоции: Последната порака на Тихи до Прле


Прле и Тихи го одбележаа детството на повоените југословенски генерации , серијата „Отпишани“ се уште се гледа како и пред 30, 35 години, а Воја Брајовиќ со тешко срце се прости од Прле – неговиот пријател Драган Николиќ кој почина утрово во Белград.tihi-prle-640x354

Актерот Воја Брајовиќ кажа дека Драган Николиќ бил дел од ексју авангардата, благодарение на неговиот талент, шарм и непосредност во работата „сите ние сме бил дел од Европа и светото, пионери на новата стварност“.

-Тој беше инспирација за се што беше ново и беше толку непретенциозен, не давајќи си себе си на важност,одговорен и на модерен начин ја сфаќаше уметноста со која се занимавашe, изјавил Брајови и потенцирал дека Николиќ од првите па се до последните улоги фасцинантно бил посветен на професијата.

tihi-2prle

Медиумите ја пренесоа и изјавата на Воја во едно недамнешно интервју во кое се осврна и на пишувањата на медиумите за болеста на Драган:„Медиумите не сфаќаат дека таквото пишување многу го навредува семејството. Не можев да ги убедам Милена и Драган дека на нив никој лично не им посакува зло. Медиумите не се радуваат што неговата болест зема замав но се радуваа што имаат вест. Но ако ти правиш зло, без оглед зошто, како е можно луѓето да се занимаваат со таква работа? – се прашуваше Брајовиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1