Легендарната пејачка на изворни народни песни и доајен на македонската народна музика, Вања Лазарова почина на 12 март 2017 година во Скопје на 86 годишна возраст.
„Со маки сум се родила“, „Параходот замина“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, се само дел од стотината македонски изворни народни песни што ги испеа Лазараова, чиј впечатлив глас е дел од македонското музичко наследство. Најголем дел од песните се снимени во продукцијата на МРТ.
Во 2014 Вања Лазарова ја доби државната награда „11 Октомври“ во областа на културата, а со тоа по автоматизам и национална пензија од Министерството за култура.
Познатите со зборови полни тага и почит се испратија од неа. Од Елена Ристеска до Калиопи, погледнете што напишаа тие на социјалните мрежи!
Вистина.мк